Добредојдовте на нашиот сајт!

Ние Ви ги нудиме нашите можности и способности кои се израз на нашата посветеност на врвни резултати. Имаме одличен тим посветен на грижата за забите.

Работното време го прилагодуваме според потребите на пациентите. Нудиме сигурност, ги почитуваме времето и довербата на нашите пациенти. ЕНДОМАК ги следи најновите достигнувања и трендови во стоматологијата и во медицината, постојано одржува квалитет и гаранција, при што води сметка за заштеда на време и пари и особено за афирмација на стоматологијата. Во чекор сме со најновите методи и техники, работиме со најсофистицирани апарати и материјали.

Кај нас се е подредено на тоа нашите пациенти да добијат што поквалитетни здравствени услуги. Ординациите на ЕНДОМАК се модерно уредени и ги задоволуваат највисоките стандарди за просторно организирање и функционалност. Нашата цел е да се обезбеди извонредна стоматолошка грижа за целото семејство во удобна, грижлива и пријателска атмосфера.

Преку врвна стоматологија и квалитетни односи ние го подобруваме оралното здравје, ја подигаме самодовербата и ги правиме посреќни нашите пациенти.


  • Facebook