ortodoncija

 

Ортодонција

Ние во Ендомак разбираме дека одбирањето доктор ортодонт е многу важна одлука за повеќето фамилии, а со толку многу ортодонти наоколу, како да одлучите кој е најдобар за Вас? За нас е важно да најдете место каде Вие ќе се почуствувате најудобно. Еве неколку причини за кои ние мислиме дека сме вистинската клиника за Вас.

 

Прилагоден план за третман…

Секој пациент е важен за нашата клиника и за д-р Стипе Поповски. Со цел да обезбеди подобра услуга, д-р Поповски го зголеми неговото работно време што овозможува тој да помине повеќе време со неговите пациенти.

Продолжено работно време…

По целосната анализа на сите Ваши информации, направен РТГ и клинички преглед и земени отпечатоци се утврдува планот за работа. Секој третман е индивидуален и се прилагодува на Вас.

5  

Лесна локација

Кога Вие ќе станете пациент на Ендомак, Вие станувате член на нашата фамилија и сте третирани како дел од неа.

Одлична услуга према пациентите

Извонредноста од третманот не е доволна за нас. Ние сме убедени во давањето на супериорна услуга и сакаме Вашето ортодонтско искуство да биде фантастично. По стартот на Вашиот третман ние ќе Ви се јавуваме кога да дојдете на преглед и ќе Ви обезбедиме телефон од доктор во случај на итна потреба. Ова сето го правиме со цел да обезбедиме што е можно подобар третман кај нашите пациенти.

Најдобри материјали

Одлични третмани значат и одлични материјали. Затоа ние во Ендомак користиме најдобри материјали во поглед на брикети, жици и акрилати. Исто така, д-р Поповски е сертифициран доктор ортодонт за употреба на Ecligner, најдобриот “невидлив” ортодонтски систем во светот.

ortodoncija1 ortodoncija3 ortodoncija2
 
Без притисок за почеток Вашата прва посета кај нас во Ендомак е дизајнирана да биде информативна и едукативна. Тука ние заедно разговараме за Вашите очекувања, потреби и опции за третман. Д-р Поповски ќе Ви даде на знаење кога треба да се почне со ортодонтски третман, кое ќе биде оптималното траење на третманот, ќе Ви предложи месечни, полугодишни или годишни контролни посети и ќе Ви каже кога е најдобро време да стартувате. Ние никогаш нема да вршиме притисок врз Вас да почнете со третманот туку само ќе го предложиме најдобриот третман за Вас возможен.
  • Facebook