Заботехничката лабораторија е во склоп на стоматолошката поликлиника Ендомак во Струмица и Гевгелија, а е опремена со најмодерна опрема и материјали која одговара на сите светски стандарди во изработка на сите мобилни и фиксни протетски изработки и ортодонтски апарати, и тоа:

  • Мобилни парцијални и тотални протези (вилици)
  • Скелетирани мобилни протези ВИЗИЛ (со и без атечмени – копчиња)
  • Метал и Прес (безметални) порцелански коронки и мостови
  • Инлеј и Онлеј (композитни или порцелански) пломби
  • Композитни и Порцелански ламинати
  • КАД КАМ Циркониа порцелански коронки и мостови
  • Коронки и мостови врз импланти
  • Ортодонтски мобилни апарати
  • Заштитни гуми за бруксизам (чкрипење со забите) и лажици за белење

Нудиме исклучителни услуги со време на исполнување 7-15 работни дена, со висок и постојан квалитет на изработка.

  • Facebook