b5
 
 

belenje1

belenje2

belenje3

belenje4

belenje5

belenje6

Белење на забите

За луѓето што имаат темни или обоени заби, третманот за белење на забите е наједноставно решение, сигурен и ефективен начин за побелување. Во последно време, белењето стана широко прифатена метода, поевтина и полесна за изведување. Постои голем напредок кај средствата и поедините системи за белење, а самите методи се високо софистицирани. Додека порано белењето можеше да се направи само во стоматолошката ординација, денес постои можност и за белење во домашни услови, секако, под надзор на стоматолог.

Производителите на забни пасти открија пазарен потенцијал од белењето и развија широка палета на производи за побели заби.

Современите гелови за белење на забите содржат хидроген пероксид или карбамид пероксид како активни компоненти. Овие пероксиди навлегуваат во внатрешноста на тврдите забни ткива, се дисоцираат на кислород кој истовремено ги обелува обоените супстанци на површината на глеѓта како и оние кои што навлегле во глеѓните и дентински ткива. Структурата на забот не се менува- се менува надворешниот изглед, кој станува побел и посветол.

За да се коригира дисколорацијата, процедурата на белење се применува кога превенцијата е неуспешна или невозможна. Белењето може да се препорача практично за сите. Идеално е за луѓето кои имаат здрави, непломбирани предни заби. Не би се препорачало единствено кај пациенти кај кои е извесно дека белењето нема да даде резултат. За нив стојат на располагање други естетски процедури.

Белењето не треба да се сфати само како естетска процедура, туку тоа треба да биде составен дел на комплетната грижа за забите и да биде вклучено во редовното одржување на здрава и убава насмевка. Стоматологот мора да биде способен да ги задоволи барањата на својот пациент, од една страна, и да знае што може реално да се очекува, од друга страна, односно да го предвиди резултатот однапред. Кај некои пациенти може да се добијат помали ефекти од очекуваните, затоа што забите реагираат различно. Степенот на обелување е индивидуален и зависи од структурата на забите и од методот што се користи.

 

  • Facebook