welcome
 
 

Што претставува ендодонцијата?

Ендодонцијата е гранка во стоматологијата што се занимава со лекување на пулпата (нервот) и ткивата околу коренот на забот, а ендодонт е стоматолог што се специјализирал за третман на истите.


Што е ендодонски третман?

Ендодонтскиот третман е секојдневна стоматолошка процедура која вклучува дијагноза и лекување на внатрешноста од забот. Овој третман има за цел да го спаси забот оштетен од длабок кариес, траума или инфекција. Најчесто или како алтернатива за ендодонтскиот третман е екстракција на забот. Целта на овој третман е да се извади оштететниот нерв и да се елиминира инфекцијата од внатрешноста на забот. Воедно да се зачува забот и да се реставрира, а и да се превенира потребата од забни импланти или мост.

Зошто има потреба од ендодонтски третман?

Длабоко во секој заб постои комора и коренски канали кои содржат живо ткиво наречено пулпа. Пулпата содржи ситна мрежа од ткивен фибрин, нерви и крвни садови. Бактериите можат да навлезат во пулпата поради длабок кариес, траума, пукнатини, повторливи стоматолошки третмани или периодонтални заболувања. Овие бактерии ја оштетуваат или крајно ја уништуваат пулпата ширејќи ја инфекцијата во околната коска при што се доведува до формирање на апцес. При ваква состојба на забот секогаш освен екстракција треба да ви предложи ендодонтски третман. Симптоми на инфекцијата се: чувствителност на температурни разлики, непријатност или осетливост при јадење, видно оштетување на забот или болка и оток во забот и гингивата.

 

Болката (во некои случаи многу силна) може да биде присутна истовремено во овој процес, но, не секогаш.

Понекогаш се забележува сенка на рендгенската снимка во коската поврзана со забот.

Како се прави ендодонтски третман?

Доколку ги чувствувате опишаните симптоми нашиот стоматоло веројатно ќе ви предложи ендодонтски третман. Целта на третманот е да се отстрани повредената/оштетената пулпа и да се елиминираат бактериите од внатрешноста на коренските канали. На крај каналите темелно се чистат, се полнат и се затвораат.
Ова се постигнува со правење мала дупка во забот пристапувајќи до пулпната комора, локализирајќи и мерејќи ги коренските канали, прочистувајќи ги со дезинфициенси и проширувајќи ги со употреба на специјални инструменти наречени ендодонтски турпии. Доколку инфекцијата е доста силна се аплицира антибактериски медикаменти и забот се остава затворен за период од 1-2 недели. На следната посета, каналите се полнат и херметички се затвораат, а со цел да се обезбеди чист простор.

Што се случува ако не се направи ендодонтски третман?

Доколку се одлучите на такво нешто во таков случај единствена опција е екстракција на забот. Штом еднаш интегритетот на пулпата се наруши оштетувањето е неизбежно и само не може да заздрави.

Дали се чувствува болка при ендодонсткиот третман?

Не. Со употребата на модерни техники и локална анестезија се осигурува вашата удобност за цело времетраење на третманот. Ендодонтскиот третман се прави со цел да се ослободите од болката предизвикана од воспалението на пулпата и инфекцијата. Во многу ретки ситуации некои заби можат да бидат повеќе осетливи меѓутоа постојат повеќе техники да бидат третирани без болка.
При втората посета (доколку е потребна) забот може да биде лесно осетлив на притисок. Овој симптом е редок и доколку се јави обично е од краткотраен карактер. Дополнително може да се третира со аналгетска терапија. Многу ретка е појавата на тн. болка што пече. Во таков случај освен аналгетикот се дава и антибиотик.
Болката што пече е невообичаена и многу ретка појава и е најчесто поврзана со факторите како: имуниот одговор на домаќинот и бактериската вирулентност. Ова не значи дека забот има помали шанси да биде спасен. Таквиот заб може да го чувствувате малку подруг од останатите заби дури и по завршувањето на ендодонсткиот третман. Доколку чувствувате силна болка, притисок или се појави оток или сте загрижени Ве молиме веднаш да се јавите во нашата клиника со цел да го решиме проблемот.

Што се случува после ендодонтскиот третман?

Вообичаено е ендодонтски третираните заби да се реставрираат со коронка, а со цел да бидат заштитени од кршење. Но, пред тоа да се направи, забот не треба да се оптоварува. Лошото поткршување може да доведе до компликации – забот да не може да се реставрира.
Како и останатите заби, и ендодонтски третираните заби бараат секојдневна добра грижа и нега. Ендодонтски третираниот заб е подложен на расипување што значи секогаш се потребни редовни рутински прегледи. Обично ендодонтски третираните заби не прават проблем, но, доколку се појави било каков проблем Ве молиме контактирајте ја нашата клиника.

Дали ендодонтскиот третман е успешен?

Кога ендодонтскиот третман е завршен, а е направен по високи стандарди и забот е квалитено реставриран, интервенцијата е многу успешна.
Никогаш не може да се гарантира 100% успешност на било која медицинска или стоматолошка процедура. Дури и при најдобро направениот третман, заздравувањето може да не се случи, а тоа не зависи и е надвор од контролата на стоматологот.
Доколку забот е несоодветен за ендодонтски третман или шансите за успех се мали, ќе бидете информирани уште при првиот преглед.
Доколку ендодонтскиот третман е неуспешен (а тоа би се утврдило со враќање на болката или разни други симптоми или кога се прави контролна ртг снимка) во тој случај се превземаат други мерки за елиминирање на инфекцијата. Третманот вклучува ревизија на ендодонтското лекување или хируршко отстранување на воспалението.

Колку чини ендодонтското лекување?

Ендодонтскот третман одзема доста време, бара скапа специјализирана опрема и вклучува високо професионален тим. Финансискиот трошок варира од тоа колку комплексен е проблемот и за кој заб се работи. Моларите или задните заби се потешки за третирање и цената е вообичаено повисока.
Генерално, ендодонтскиот третман и реставрацијата на природниот заб се многу поефтини од тоа забот да биде изваден, а неговото празно место да биде пополнето. Извадениот заб би требало да го замените со мост (состружување на здрави заби) или дентален имплант за да се поврати мастикаторната функција и да се спречи поместувањето на соседните заби. Ова чини многу повеќе од ендодонтскиот третман, со кој го зачувувате природниот заб, а со тоа и Вашите пари.

  • Facebook