welcome
 
 

Што е Ендомак…

ЕНДОМАК е приватна здравствена организација со долгогодишно успешно работење и со големо искуство во ОПШТАТА СТОМАТОЛОГИЈА, ЕНДОДОНЦИЈАТА, РЕСТАВРАТИВНАТА И ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА, ИМПЛАНТОЛОГИЈАТА И ОРТОДОНЦИЈАТА.

Во ЕНДОМАК работат повеќе ординации кои овозможуваат комплетна стоматолошка заштита, почнувајќи од превентивни постапки за спречување на болести на забите и устата, лекување на сите заболувања на забите и меките ткива и козметски и естетски процедури со дизајнирање на насмевката.
Во рамките на ЕНДОМАК работат заботехничка лабораторија и рендген кабинети. На своите пациенти им нуди врвни здравствени услуги, почнувајќи од рутинските стоматолошки третмани, до комплексни реконструкции на тешко оштетените заби, во вистински удобна и опуштена атмосфера.

Ординациите располагаат со врвна стоматолошка опрема од најреномирани светски производители, со технички можности кои ги задоволуваат највисоките стандарди во работењето. Материјалите за работа внимателно се одбираат и за реставрација на забите се користат исклучиво материјали со висок квалитет.
Квалитет, одговорност и посветеност на работата се основните постулати врз кои се темели работата на стоматолозите во ЕНДОМАК. Секогаш се следат најновите трендови во поглед на техниките, опремата, материјалите и комуникациите. Тимот на ЕНДОМАК ги следи и ги применува врвните новини во стоматологијата и во медицината и континуирано се едуцира и обучува. Сите се занимаваат и со научна работа и објавуваат стручни текстови од својата област.

  • Facebook