b5
 
 

bondiranje7_0

bondiranje8_0

bondiranje3

bondiranje4

bondiranje1

bondiranje2

Бондирање на забите

Бондирањето може да направи “чуда” за обоените заби кои не реагираат на белење, но и применување на формата на неправилно поставените заби. Третманот за бондирање е многу пократок и поевтин во споредба со протетските коронки и ламинати. Подготовката на забот за бондирање се состои во мало состружување на површината и премачкување со течност за бондирање. Течноста прави микро пукнатини во површината, за да може да се сврзе (бондира) бондингот (реставративниот материјал) со забната структура. Во зависност од проблемот на забот, стоматологот одлучува дали ќе постави композитна смола, акрилни или порцелански ламинати.

Композитната смеса се обликува во саканата форма, се дотерува и се полира, со што се добива убав и природен изглед на забот. Целата постапка комплет но се завршува со еден третман, и во најголем дел од случаите се изведува без локална анестезија. Композитните пломби се поставуваат не само при поправање расипан заб со кариес, туку и за козметски цели, прекуменување на бојата или формата на забите. За акрилните и порцеланските ламинати кои се употребуваат и за предните површини на забите, се користат истите смолести материјали како кај бондирањето. Естетскиот изглед е најголема предност, бидејќи бојата на композитот се избира според бојата на забот на кој се поставува. Затоа поправката е сосема вклопена во природниот изглед на забот.

Композитот се бондира, се сврзува со забната супстанца, и го зацврстува останатиот дел од забот, заштитувајќи го од кршење. Истовремено има улога и на изолатор од температурни промени предизвикани од храната. Композитните материјали се релативно евтини, а композитните смоли се во различни бои и нијанси, така што може да се направи најсоодветен избор на бојата на композитот со бојата на природниот заб.

Со правилна и внимателна нега на забите со композитни реставрации се обезбедува нивна долготрајност. Бондираните заби треба секојдневно да се четкаат со четка и паста за заби и да се чистат со забен конец. Ова особено се однесува на пациентите што пијат кафе, чај и пушат цигари, бидејќи од кофеинот и никотинот композитниот материјал потемнува. Композитните реставрации имаат покус век на траење споредено со порцеланските ламинати или коронки. За тоа треба да се “обновуваат” на секои пет до десет години. Оваа техника особено треба да се практикува кај предните заби. Скршеници на забите најчесто настануваат при сообраќајни незгоди, падови, спортски повреди, удар по лицето или грицкање тврдипредмети, како и при чкрипење и стискање со забите.

 

  • Facebook