b5
 
 

laminati3

laminati4

laminati5

laminati6

laminati7

laminati8

Ламинати

Дали некогаш сте посакале вашите заби да изгледаат поубаво без да морате да носите ортодонтски протези или да правите коронки? Тоа е можно со порцеланските ламинати кои се фантастичен начин за корекција на предните заби и најдобар избор, во естетска смисла, при креирање на убава насмевка. Со нив може да се менуваат позицијата, формата, големината и бојата на забите. Исто така, со нив се затвораат празните простори мегу забите, се реставрираат расипаните, оштетени и напукнати заби. Со нив се врши и преобликување и остварување на помали репозиционирања на забите, а може да се направи и “инстантна” ортодонција и да се исправат кривите заби. Ламинатите се многу тенки (0,3 мм до 0,5 мм), но исклучително се цврсти кога ќе се прилепат на забите. Тие имаат природен изглед и се транспарентни на светлина – проѕирни се како природните заби. Не бараат голема редукција на забната супстанца како коронките, а сепак обезбедуваат трајни естетски резултати.

Порцеланските ламинати или забни фасети, се едни од поновите пронајдоци на козметската стоматологија. Тоа се тенки лушпи од порцелан што се прилепуват на предната страна од забите, за да се добие козметско подобрување во нивниот изглед, и се безболен начин за подобрување на изгледот на предните заби. Со техниката на порцеланско фасетирање се искористуваат бондинг (врзувачките) способности на овие материјали за да се оствари сигурно спојување на тенкиот лист од порцеланската фасета со забот. Кога се бондираат на забната површина тие ги имитираат особините на однесување со светлината што ги поседува природната глеѓ. Ламинатите се отпорни на обојувања од кафе, чај, па дури и на никотинот од цигарите. Отпорни се и на механички дразби.

Многу состојби на забите се надминуваат со третман со ламинати. Една од индикациите (случаите кога се применува) е реставрирање на обоен заб, кај кој се покажале неефективни повеќето конвенционални методи на белење (заби со тетрациклинско или флуорозно обојување или оние заби кои потемнеле како резултат на траума или од каналско лекување). Друга важна индикација е кога треба да се направат значајни измени во формата или контурите на забите. Со поставување ламинати, на малите или неправилни заби може да им се даде убава, правилна форма, да се стеснат празните простори мегу забите со проширување на забите, а прекратките заби да се издолжат. Порцеланските ламинати често можат да бидат ефикасен метод за постигнување козметски промени кај заби кои имаат мали пукнатини (одлуштувања) или површината им е трошлива или унаказана.

 

  • Facebook