Горди сме на нашиот исклучителен тим

Познати сме по љубезноста, пријателскиот однос, грижата и ентузијазмот во работата. Сите имаат високи стандарди и мотивација за најдоброто – нашето семејство од пациенти. Тимот е посветен на изведување на високо квалитетни и сложени стоматолошки услуги. Со љубезност и ентузијазам тие се посветени да ја направат вашата посета пријатна и максимално удобна. Тимот е способен (со многу знаење), добро обучен, организиран и уреден.

Нашите доктори, забни техничари и асистенти се професионалци со лиценца за работа со повеќегодишно искуство и континуирана едукација. За да се одржи чекорот со најновите достигнувања во стоматологијата инвестираме многу време на семинари кај нас и во странство. Одржување на чиста и здрава средина (хигиената) е многу важен дел од нивната работа. Пациентите секогаш се воодушевуваат на тимската работа што е евидентна во ЕНДОМАК. Суштинските вредности на нашиот тим се интегритет, респект, доверба, квалитет, разбирање и врвна услуга.

Нашата голема репутација меѓу колегите стоматолози и широката јавност се темели на принципите на извонредност кои најасно се изразуваат преку ваквиот пристап

Нашата мисија:
Обезбедување најголема можна грижа подеднакво за секој наш пациент во пријателска, удобна атмосфера, создавајќи меѓусебни односи изградени на доверба и интегритет.

dime_0 dime_0
dime_0 dime_0
dime_0 dime_0
dime_0 dime_0
dime_0 dime_0
dime_0
  • Facebook