Дигитално дизајнирана насмевка (DSD – Digital Smile Design)

Денес не е доволно да се има само уста што нема биолошки и функционални проблеми! Луѓето сакаат убава насмевка, интегрирана со нивните физички карактеристики и, во исто време, во хармонија со сопствените емоционални аспекти. Дигитално дизајнираната насмевка (DSD) претставува ново лице во стоматологијата – почовечко, емотивно и уметничко – што дополнително ја подобрува нашата благородна професија во општеството, со користење на видео и природни услови што јасно можеме да ги видиме, бидејќи после се, не постојат многу нешта во животот кои се поважни од една здрава, природна, сигурна и убедлива убава насмевка!

 

Концептот на DSD има цел да им помогне на стоматологот и на пациентот во 3 аспекти:

  • Подобрено планирање и дизајн на естетска насмевка
  • Подобрена комуникација меѓу стоматологот и пациентот; притоа да го зголеми учествотото во процесот на дизајнирање на вашата насмевка
  • Едуцирање на пациентите за придобивките од третманот

Со децении, стоматолозите се обидуваат да ја усогласат формата на забите со целото лице врз основа на параметри, како што се полот, карактерот и возраста. Но, вистинските успешни резултати биле недофатлииви. Модерната стоматологија треба да се осовремени со цел да се задоволат очекувањата на луѓето со големи очекувања. За да се постигне таков вид резултат, модерниот стоматолог треба да оди чекор подалеку, отколку да биде само добар професионалец.

Со концептот на DSD, секој пациент поминува низ процес на брзо учење со помош на видео и слики на лице место во нашето стоматолошко студио, ги проучуваме резултатите од зборувањето, а потоа, врз основа на тоа, ние ќе направиме калап од неговата уста (во оваа фаза ја избираме формата и големината на новите заби преку Visagism – концептot). Visagism им помага нa стoматолозите да обезбедат реставрација, која е одговорна не само за естетиката, но исто така и за психосоцијалните карактеристики на создадената слика, што влијае врз емоциите на пациентите, чувството на идентитет, однесувањето и самодовербата. Овие фактори, за возврат, влијаат на тоа како набљудувачите реагираат на пациентите кои биле подложени на третманот.

Тогаш го пробуваме предлогот за нова насмевка во устата, а пациентот може да се смее, да зборува и да процени дали новата насмевка ги исполнува неговите естетски очекувања и дали треба да се направат некои дополнителни промени. Во тој момент се е отповикливо, бидејќи не ги допираме вистинските заби. Ова можеме да го направиме со акрил преку вашите вистински и природни заби.

DSD носи вистинска визуелизација во фокусот за пациентот, овозможувајќи му да го види крајниот резултат на реставрацијата во реално време, пред да почне стоматолошкиот третман. DSD гледа на пациентот како целина, на карактерот, како и на целата структура на лицето, за да се осигура дека крајниот резултат ќе се совпадне со естетскиот изглед на лицето, како и на карактерот на пациентот.

DSD е филозофско дело… Тоа е нов бран кој стоматологијата ја носи на емоционално ниво, поврзувајќи се со луѓето преку визуелна комуникација и вистинска нега.

  • Facebook